Мицкоски ја презеде функцијата и веќе почна со работа
Мицкоски ја презеде функцијата и веќе почна со работа

Шефот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја презеде премиерската функција, ден откако Собранието со 77 гласа „за“ и 22 „против“ ја изгласа новата влада. При примо- предавањето на функцијата во текот на денот, новиот премиер немаше заедничка изјава со Талат Џафери, од кого ја презеде функцијата. Ден претходно положи заклетва пред пратениците со уставното име на државата.
Мицкоски веќе почна со работа, ветувајќи многу во првите 100 дена.
Новата задача денеска ја презедоа останатите членови на новиот владин кабинет. Меѓу нив, министерот за здравство Арбен Таравари. Тој рече дека приоритет ќе биде проблемот со снабдувањето со кислород на хируршките сали на Клиничкиот центар.
„Очекувам деновиве да добијам извештај од извршените инспекции и сакам што поскоро да се реши проблемот. Ми требаат неколку дена за да донесам конечна одлука; дали ќе инсталираме сосема нов систем или може да се поправи сегашниот“, рече Арбен Таравари, министер за здравство.
Таравари по преземањто на функцијата, разреши неколкумина и ќе продолжи да ги разрешува сите 14 економски директори на болниците, функција што ја смета за непотребна.
Во новиот владин состав ќе има 20 мажи и само три жени. Просечната возраст на членовите на владата е 47 години. Најстариот има 66 години, а најмладиот 33./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши