ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Претпладне сончево, попладне со услови за невреме со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и во вечерните часови во повеќе делови од земјата ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град, се наведува во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Advertisements

Утринската температура ќе биде од 14 до 22 Целзиусови степени, а во текот на денот од 28 до 38 степени.

Во Скопје, според прогнозата на УХМР, денеска ќе има сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурата ќе се движи од 19 Целзиусови степени наутро, до 36 степени во текот на денот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button