МАКЕДОНИЈА
Верификувани мандатите на осумте нови пратеници
Со 76 гласа „за“ и без ниеден „против“ или „воздржан“ пратениците на денешната пленарна седница ги верификуваа мандатите на осумте нови народни избраници кои доаѓаат на местата на премиерот Христијан Мицкоски и неколкутемина новоизбрани министри во Владата.
Пред да се најдат на пленарна седница, имињата на осумте нови пратеници беа утврдени на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања која, пак, го усвои извештајот на Државната изборна комисија (ДИК) со предлогот на верификација на мандатот на избраните пратеници од листа на кандидати