ВЕСТИСВЕТ

Ален Берсе е нов генерален секретар на Советот на Европа

Поранешниот швајцарски претседател Ален Берсе е избран за генерален секретар на Советот на Европа со мандат од пет години, за време на седницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

Advertisements

Во вториот круг од изборите Берсе доби 114 гласа, додека останатите кандидати – поранешниот министер за култура на Естонија Индрек Саар и поранешниот министер за финансии на Белгија Дидие Рејндерс – добија 85, односно 46 гласа, објави ПССЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button