СПОРТФУДБАЛ

Со мечевите во Е и Ф групите, ќе биде заокружена групната фаза

Со мечевите од последното коло во Е и Ф групите, ќе биде заокружена групната фаза, по што ќе бидат познати сите осминафинални двојки на Европското првенство.

Advertisements

Денот почнува од 18 часот со натпреварите од Е групата во која сите четири репрезентации имаат по три бода од првите две кола. Белгија ќе игра против Украина, а Словачка со Романија.

Табелата во моментов ја креира гол разликата, а во неа најдобра е селекцијата на Романија, следуваат Белгија, Словачка и Украина.

Од 21 часот Португалија која веќе го обезбеди првото место, ќе се сретне со Грузија на која ѝ е потребна победа за место во осминафиналето. Другиот дуел е мечот меѓу Турција и Чешка. На Турците во прилог им оди и реми за да ја задржат втората позиција, за Чесите единствена опција е победа.

Распоред:

18:00 Словачка – Романија

18:00 Украина – Белгија

21:00 Чешка – Турција

21:00 Грузија – Португалија

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button