Пензионерите до март ќе имаат две линеарни покачувања на пензиите, првото од 2 500 денари ќе биде во септември
![](https://alsat.mk/mk/wp-content/uploads/2020/12/penzioneri-780x470.jpg)
Првото линеарно зголемување на пензиите премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе биде со септемвриската пензија, кога ќе бидат покачени за 2 500 денари. Второто линеарно зголемување ќе биде во март со нови 2 500 денари.
Мицкоски вели дека во моментов во Буџетот нема пари за покачување на пензиите, но со ребалансот на буџетот на кој, како што рече работат со министерката за финансии, а кој треба да биде во средината на јули, ќе се обезбедат пари за линеарно покачување на пензиите.
Првото зголемување на пензиите, како што вели Мицкоски, ќе биде со нивелирањето во септември, а второто со тоа во март.
„Во буџетот што е поминат за оваа година недостасуваат околу 2,5 милијарди денари. Најверојатно ќе имаме две линеарни зголемувања, ова ќе добие потврда во текот на утрешниот ден или денот потоа. Ќе имаме две, едно со нивелирањето сега во септември, линеарно зголемување сега во септември 2 500 денари и другото ќе биде во март уште 2 500 денари“, рече Мицкоски.