ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Верските лидери: Да празнуваме одговорно, во кругот на семејството

Да се почитуваат мерките и да се празнува одговорно, апелираат поглаварите на црквите и верските заедници во земјава и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски по денешната средба во Клубот на пратениците во Скопје.

Advertisements

На средбата, како што соопштија од КОВЗРГ, покрај Сотировски присуствуваат и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Реисул Улема на ИВЗ х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов и суперинтендентот на ЕМЦ Марјан Димов. Поради објективни причини отсуствуваше претседателот на ЕЗРМ г-ѓа Берта Романо Николиќ.

Со оглед на периодот што претстои верските лидери едногласно апелираат до граѓаните да се придржуваат до сите мерки за заштита од коронавирусот пропишани од здравствените власти, да не го губат трпението, затоа што во пресрет на имунизацијата одговорноста за контролата над вирусот е кај секој од нас.

– Да празнуваме одговорно, да бидеме во кругот на семејството и да избегнуваме собири, освен кога е неопходно, но со доследно почитување на обврската за одржување дистанца и носење на заштитна маска, порачаа верските лидери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button