ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Историја, географија и граѓанско, повторно како посебни предмети во училиштата

Посебните предмети уште од оваа година треба да почнат да функционираат и ќе функционираат како посебни предмети, барем општествените, зашто тие се проблем – историја, географија, граѓанско образование. Оваа година ќе биде преодна во наставните програми и предмети, а во соработка со Бирото за образование уште веднаш почнуваме да работиме на новите програми и планови, да ги одделиме посебните предмети, да имплементираме она што наставниците и родителите велат дека не функционира и не дава ефект, за следната 2025/2026 година да бидеме комплетно готови со надградената, променета концепција, со нови наставни планови и програми и со нови учебници, најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Advertisements

Таа уште утре ќе има средба со СОНК за да почнат, како што рече, првите преговори околу динамиката за подобрување на сите услови на вработените во образованието, а веќе се размислува, напомена, и како ќе одат покачувањата на платите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button