ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новиот министер за транспорт со повик до Обвинителството

Новиот министер за транспорт и врски Александар Николовски, бара Обвинителството да истражи зошто планираната трета фаза од пругата кон Бугарија ќе чини 24 милиони евра за еден километар пруга. Тој тврди дека Обвинителството треба да утврди зошто Јавното претпријатие државни патишта без анализа ја зголемило проценетата вредност за над 200 милиони евра. Дополнително денеска истекува рокот за поднесување на понуди за тендерот „тежок“ 560 милиони евра за изградба на 23,4 километри железничка пруга. За евентуално поништување на овој тендер, во оваа фаза од постапката не е можно, затоа што, како што вели Николовски, се уште нема депонирано потпис.

Advertisements

Врз основа на извештајот на Заводот за ревизија, тој го повика обвинителството да ја истражи работата на Македонски железници инфраструктура, но  и на Јавното претпријатие за државни патишта пред се изградбата на автопатот Кичево Охрид, бидејќи нема одговори зошто сумата за изградба скокнала за 170 милиони евра и не е изграден се уште, како и за автопатот кон Блаце за кој се планира километар да чини 20 милиони евра.

Според извештајот, за третата фаза од пругата кон Бугарија, како што вели Николоски, вредноста  е зголемена за 220 милиони евра, односно на 560 милиони евра, наместо на првично планираните 340 милиони евра, што значе дека, според него, почната е тендерска постапка во крајно нетранспарентен процес, пред избори и во услови кога, како што рече, сите знаеја дека ќе има промени на власта во државата.

Николовски најави дека по смена на директорот на државни патишта договорот со Бехтел и Енка за изградба на Коридор 8 и Коридор 10д во должина од 108 км, ќе биде декласифициран

За постигнување на договорот беше донесен специјален Закон, а ревизијата не можеше да ја потврди проценетата вредност од 1,3 милијарди евра.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button