ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Балансерот заминува во историјата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека бришењето на балансерот е по препорака на скрнинг процесот на ЕУ, а тезите дека со тоа им се одземаат права на заедниците се неточни и доаѓаат од политичари кои ги ограбуваа граѓаните без разлика на етничката припадност.

Advertisements

Но, од ВРЕДИ, и натаму инсистираат дека балансерот сепак ќе биде заменет со посебен закон за правична застапеност.

„Ние се договоривме. Мора да донесеме закон за правична и соодветна застапеност и после тоа ќе го тргнеме балансерот, бидејќи нема потреба од него кога ќе има закон“, рече Таравари.

Истото претходно го изјави и првиот вицепремиер, Изет Меџити, кој рече дека станува збор за унапредување кое ќе гарантира еднаквост и меритократија во текот на вработувањата.

Претходно лидерите на Вреди потврдија дека укинување на балансерот е дел од владината програма како резултат на договорот со ВМРО-ДПМНЕ дека е нефункционален и се злоупотребува.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button