СПОРТФУДБАЛ

Напаѓачот на Мец, најдобар стрелец во групната фаза

Во победата од 2:0 против Португалија, головите за грузијците ги постигнаа Квича Кварацхелија и Жорж Микаутадзе. Иако на Европското првенство настапуваат големи и скапо платени ѕвезди, сепак Микаутатѕе е најдобриот стрелец по завршувањето на групната фаза со со три постигнати гола. Тој погоди во сите три средби од групната фаза, против Турција, Чешка и Португалија.

Advertisements

Голови на сите натпревари во групната фаза постигнале само уште осум играчи ни историјата и тоа: Мишел Платини (1984), Алан Ширер и Христо Стоичков (1996), Саво Милошевиќ (2000), Милан Барош и Руд ван Нистелрој (2004), Герет Бејл (2016) и Кристијано Роналдо (2021).

Во осминафиналето Грузијците ги чека тешка задача бидејќи ќе играат против Шпанија, една од селекциите кои покажаа најмногу на овој шампионат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button