ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителка на Скопје обвинета за поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 51-годишна жена која се товари дека го сторила кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 д Кривичниот законик.

Advertisements

Обвинетата на 9 декември, на булеварот „Александар Македонски“ неовластено држела пиштол марка „Застава“ со калибар 9мм PARA M88, една рамка со пет куршуми за тој пиштол, и една празна рамка. Со оружјето била затекната од полициски службеници на бензинска пумпа.

Јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата за која постојат околности кои укажуваат на опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button