Скопје, Куманово и Тетово најпогодени од синоќешното невреме

Невремето што вчера ја зафати Македонија, предизвика големи штети. Скопје, Куманово и Тетово беа најпогодени. Голем број патишта и дворови останаа поплавени, имаше паднати дрвја и блокирани патишта. Имало проблеми и со струјата зашто дел од столбовите биле уништени. Во обиколката на главниот град, Алсат разговараше со дел од граѓаните кои претпеа големи штети. Од центарот за управување со кризи ги повикуваат граѓаните да се јават на 112 во случај на опасна ситуација и да ги почитуваат препораките за заштита и реагирање во вонредни случаи. Од Центарот за управување со кризи ги повикуваат граѓаните да се јават на 112 во случај на опасна ситуација и да ги почитуваат препораките за заштита и реагирање во вонредни случаи.
„ Што ќе правиме, ништо, ние си чистиме. Ни влезе вода во два подрума, од 10-15 сантиметри…. 01:21 Канализацијата не е нешто во ред, другото немам што да кажам. Сè уште не влегла во собата, но во подрумот да… Знам што ќе направам, ми се случува два пати. Пред две години беше првиот пат и синоќа, имаше многу град.“, вели Илми Алиу, граѓанин.
Ајнур Бафќари