ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Први кадровски именувања на новата Влада

Први кадровски именувања на новата Влада

Игор Јанушев е избран за генерален секретар на Владата на првата седница на новата Влада. Елена Петрова е именувана за директорка на Управата за јавни приходи, Бобан Николовски ќе биде нов директор на Царината а Александар Јанев, е именуван за нов директор на Бирото за јавна безбедност.
Меѓу првите точки за кои се разговарше е зголемувањето на пензиите за 5 илјади денари, ветување кое Мицкоски постојано го повторуваше. Од Владата во соопштение велат дека зголемувањето ќе се случи во два наврати. Првата исплата со зголемување од 2,5 илјади денари ќе се изврши во септември, а втората со уште 2,5 илјади денари ќе се изврши во март следната година.

Advertisements

На првата седница исто така се одлучи дека Факултет на Меѓународниот универзитет во Струга нема да може да се формира факултет за медицински науки и одлуката на претходната влада беше укината.
Покрај именувањата, од Владата најавија дека се разговарало и за други прашања. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски информирал за штетите од поплавите и невремето во последните неколку дена, а од Владата велат дека се проценуваат штетите.
Во пресрет на седницата, кадрите на ВРЕДИ најавија дека започнуваат со редовен состанок за заедничка координација, кој, како што најавија, ќе биде проширен со замениците министри и други кадри од коалицијата. Соопштението на социјалните мрежи го објави првиот вицепремиер Изет Меџити./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button