СПОРТ

Алкараз: Би сакал еден ден да бидам меѓу најславните тенисери во историјата

Шпанецот Карлос Алкараз изјави дека би сакал еден ден да биде дел од најславната „тројка“ во тенисот и токму тој да биде четвртиот играч кој би им се придружил во друштвото на Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Advertisements

Младата ѕвезда очигледно има блескава кариера пред себе и веќе освои три Грен-Слем турнири, што е сигурно добар знак дека еден ден би можел да ги достигне успесите на горенаведените колеги.

„Искрено, во моментов се фокусирам само на настапот на Вимблдон, но секако дека би сакал еден ден да бидам меѓу најславните тенисери во историјата. Големата тројка е составена од врвни играчи и јас морам да работам напорно за да влезам во ова друштво.

Ќе биде можеби нескромно, но јас би сакал да бидам најдобар тенисер во историјата. Патот дотаму е тежок и долг, но мислам дека можам да ги достигнам тие височини. Сакам еден ден да седам на иста маса со моите славни колеги“, изјави Алкараз.

Шпанскиот ас без поголеми проблеми ја мина првата пречка на Вимблдон, а во второто коло ќе се соочи со австралиецот Александар Вукиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button