Деновиве ќе биде соопштено од кои учебници ќе се учи во седмо

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието ќе утврдат по кои учебници ќе учат седмоодделенците во претстојната учебна година бидејќи до 1 септември не ќе може да се отпечатат нови согласно новите наставни од Концепцијата за основно образование.
Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека за ден-два ќе биде соопштено во јавноста како ќе учат основците во седмо одделение, посочувајќи дека иако било соопштено дека учебници на 1 септември ќе има и за седмо одделение, „фактичката состојба е сосема различна“.
-Волшебно стапче да имаме, ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за во седмо одделение. Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден во печат. Не само што не се дадени во печат, огромен број од нив не се одобрени. Некои не се ни напишани, значи не е креиран учебникот. Некои не поминале рецензија, изјави Јаневска.