Неизвесно е дали ќе има настава на албански во Чашка

Реализацијата на наставата по албански јазик во основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка се става под знак прашалник. Министерката за образование, Весна Јаневска, рече дека се направени бројни прекршувања за ова прашање, дури и додаде дека нема документ за постапките во Министерството за образование. Јаневска рече дека децата ќе учат албански јазик во моментот кога ќе се создадат соодветни услови.
Министерката Јаневска, исто така, најави дека во новата учебна 2025/26 година новововедениот концепт на настава може да се укине на неопределено време. Според Јаневска ова може да се случи бидејќи ниту еден од текстовите од седмо одделение не бил испратен на печатење и за некои, постапката за одобрување не била спроведена, што значи дека книгите не само што не ја поминале фазата на рецензија, туку не се ни напишани.
Јаневска најави и голем број промени околу инклузивното учење. Таа смета дека вкупната инклузија во образовниот процес на децата со посебни потреби кај нас е неуспешна бидејќи, како што рече, има родители и деца кои се жалат дека со овој концепт се дополнително дискриминирани. Јаневска додаде дека новата Влада бара друго решение за децата со посебни потреби кое не значи исклучување, селекција или дискриминација кон нив.
Мелихате Рустеми