ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агелер до судиите: Работете според законите и дајте отпор на политичките притисоци

Судството треба да ја врати изгубената доверба кај граѓаните, преку реформи и строго спроведување на законите. Ова се очекувањата на меѓународните претставници во земјава, кои сметаат дека и владата треба да помогне во овој процес, но и да се консултираат експертите. Амбасадорката на САД во Скопје Ангела Агелер, нагласувајќи дека кредибилитетот на судството е на шокантно ниско ниво, им порача на претставниците на судството да работат во одбрана на правото, интегритетот и да спречат политичко мешање.

Advertisements

„Северна Македонија има добро подготвени закони, добро опремени институции, искусни обвинители и судии, од кои повеќето патувале и имале размена со САД. Се поставува прашањето како да почнеме да ја пополнуваме таа празнина или недостатокот на доверба на оние на кои треба да им служиме. Редоследот е јасен и непроменлив, направете ја работата што треба да ја завршите. Следете го законот, работете за народот, дајте отпор на политичкиот притисок, заштитете го вашиот интегритет и прифатете ја транспарентноста. Напорната работа само што започна и гледаме напредок. Сега, дозволете ни да ви помогнеме да продолжите уште повеќе на вашиот пат“, рече Агелер.

И амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп, го подвлече загрижувачкото ниво на доверба на граѓаните во судството, притоа и порача на владата да не прави брзи реформи без вклучување на експерти.

„Реформите мора да бидат системски и сеопфатни и мора да имаат за цел да ги постигнат стандардите на ЕУ, но и да овозможат функционално, транспарентно и правично судство. Тоа го очекуваат и заслужуваат граѓаните на Северна Македонија. И тоа е она што ќе ја вклучи земјата во Европската унија. Новата влада и Собранието имаат должност да се фокусираат на приоритетите во правосудниот сектор со добра волја, добра намера и одговорно да работа“, рече Јан Коп.

Според последниот извештај на Европската комисија, нема никаков напредок во оваа област, која е една од главните во процесот на европска интеграција. Од друга страна, според истражувањето на ИРИ што беше објавено во мај годинава, 72 отсто од анкетираните граѓани оценуваат дека корупцијата е најголемиот проблем во државата, а меѓу најкорумпираните според нив се политичарите и судството.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button