ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Ураган ја погоди Јамајка, се упати кон Мексико

Ураган со силни ветришта и дожд ја погоди Јамајка, оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на островот на Карибите.

Advertisements

Берил – бура од четврта категорија со ветрови до 215 километри на час го погоди јужниот брег на островот.
Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат поплавени улици и разнесени покриви.

Според Си-ен-ен, една жена загинала на Јамајка откако дрво паднало врз нејзиниот дом.

Ураганот пред да го погоди копното на Јамајка, убил најмалку седум лица, тројца во Венецуела, тројца во Гренада и еден во Сент Винсент и Гренадини.

Откако ја погоди Јамајка, Берил ослабе и се упати кон Мексико.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button