СПОРТФУДБАЛ

Федерико Киеза по стапките на Дибала, оди во екипата на Рома?

Една од најголемите ѕвезди во составот на Јувентус, Федерико Киеза, наскоро би можел да ја смени дестинацијата, а како што пренесуваат италијанските медиуми, негова следна дестинација би можела да биде Рома.

Advertisements

Претходните денови во Рим наводно бил менаџерот на Киеза, Фали Рамадани, каде што почнале преговорите, а се споменува и сума од 20 милиони евра. Италијанскиот репрезентативец е под договор со тимот од Торино до летото 2025 година, па доколку не сакаат тој да замине без отштета, челниците на „бјанконерите“ ќе мора добро да размислат околу оваа понуда.

Оваа приказна дополнително ја „вжештија“ шпекулациите дека Тиаго Мота побарал од управата нов крилен напаѓач, а едно од имињата кои многу се споменуваат е Џејдон Санчо. Интересно е што пред Киеза, од Јувентус во Рома се пресели и Пауло Дибала

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button