
И покрај лошата и неубедлива игра, обложувалниците сѐ уште ѝ даваат на Англија најголеми шанси да го освои Европското фудбалско Првенство.
„Трите лава“ го задржаа коефициентот 4,0, додека по нив следуваат Шпанија (4,25) и Германија (4,50). Веднаш до германците е и Франција со коефициент 4,75, а Португалија е со квота 5,0.
Се прогнозира дека најдобар стрелец на првенството ќе биде Хари Кејн (коефициент 4,5), а зад него се Џамал Мусијала од Германија и французинот Килиан Мбапе.