ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски до Радев: Работите не се решаваат со навреди, тоа е однесување од средниот век

Премиерот Христијан Мицкоски повоздржан му одговори на бугарскиот претседател Румен Радев, кој ден претходно ја критикуваше власта за непознавање на меѓународното и европското право, пишува Алсат.
Мицкоски вели дека соседите треба да градат мостови на соработка и да не се омаловажуваат.
„Сакам ние како балкански земји да го следиме примерот на другите земји како што се балтичките земји, скандинавските земји и сите заедно и со договори, градење мостови, учество на трети пазари пред претставниците на ЕУ и насекаде во светот, за да изградиме политика на добрососедство. Оваа работа не оди добро со навреди. Мислев дека овој облик на однесување сме го оставиле во средниот век“, рече Мицкоски.