ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дурмиши: Работите на стадионот во Тетово ќе продолжат

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши изјави дека работите на стадионот во Тетово се во тек. Тој рече дека Уставниот суд потврдил дека нема неправилности во изградбата на стадионот во Тетово и нагласи дека работите сега се во прва фаза.

Advertisements

„Уставниот суд уште еднаш потврди и ако имало некаква злоупотреба или законска повреда, не само со финансиската полиција туку и со нормалната полиција, секој ден ќе не држеле пред вратите на општината. Уставниот суд уште еднаш го потврди она што ние имавме право да го правиме. Работите ќе продолжат“, изјави министерот Дурмиши.

Инаку, техничката Влада поднесе иницијатива до Уставниот суд за разгледување на тендерот за реконструкција на стадионот во Тетово, при што истакна дека има неправилности во текот на тендерската постапка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button