СВЕТ
Хаос во Версај: Полиција пред замокот, туристите евакуирани

Версајската палата денеска е евакуирана, а како што соопшти француската полиција „не се работи за терористички напад“.
„Ова не е терористички напад. Имаше расправија меѓу улични продавачи пред замокот“, изјави портпаролот на француската национална полиција Блу Пари.
Одделот за комуникации на Версај излезе во јавноста со информација дека објектот е евакуиран и дека посетителите не смеат да се вратат.
„Има интервенција во замокот на Версај, на терен се безбедносните сили“, се наведува во полициското предупредување.
Апелираа и до сите граѓани и туристи да ја избегнуваат областа и да ги следат надлежните.