ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски со иронија: Ќе ја условува ли Радев и Алабнија со вклучување на Бугарите во Утставот

Премиерот Мицкоски ги исмева бројките на пописот во Албанија, поточно големиот број Бугари и малиот број Македонци. Коментирајќи го пристапот на Бугарија, тој прашува дали ќе дојде време Радев да ја условува и Албанија за вклучување на Бугарите во Уставот. Но, Мицкоски во својата изјава го потенцираше неуспехот на политиките на претходната влада на СДСМ-ДУИ кои овозможија спорни бројки на Бугарите во Албанија.

Advertisements

Коментарот на Мицкоски е прв за пописот на населението во Албанија, на кој изненадување беше бројот на граѓани кои се изјаснија како Бугари. Сомневањата се дека Бугарија врши пропаганда македонските граѓани да се декларираат како Бугари.

Односите меѓу двете земји стануваат се поостри, особено со неодамнешните јавни ставови меѓу шефовите на двете држави.

Мицкоски денеска  му одговори на бугарскиот претседател Румен Радев, кој ден претходно ја критикуваше власта за непознавање на меѓународното и европското право.Мицкоски вели дека соседите треба да градат мостови на соработка и да не се омаловажуваат.

Радев инсистира дека нема можност за ревизија на договорот што е постигнат меѓу двете земји, ниту пак на македонската преговарачка рамка во која услов е  вклучувањето на Бугарите во Уставот.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button