
Даниел Маринхо Де Соуза од Бразил е најновото засилување на македонскиот првак Форца. Де Соуза доаѓа како засилување од Мостар од Босна и Херцеговина, со големо искуство во европскиот футсал.
Во својата кариера бразилецот беше дел од Славија Прага, Економац, Лозница Мостар, Железарец и многу други познати клубови, како и редовни учесници во Лигата на шампионите.
Даниел Маринхо де Соуза станува вториот странски играч во македонскиот клуб, по Кристијан Берио од Колумбија кој претходно беше претставен во Форца. Инаку, Де Соуза има и македонско државјанство и настапува за нашата футсал селекција.
Форца кон крајот на август ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир во Лигата на Шампионите, а ривали ѝ се Титоград од Црна Гора, Даблин од Ирска и Ренџерс од Малта.