ЕКОНОМИЈА

Пријавени штети на ниви, куќи и автомобили-комисијата од понеделник на терен

Заврши рокот за доставување документација и пополнување обрасци за претрпените штети од дождовите во изминатата недела. Во Тетово за пет дена се пријавени околу 500 штети предизвикани од град а главно се однесуваат во земјоделството.

Advertisements

„Денеска е последен ден да се пријават штетите од поплавите што беа на територијата на општина Тетово. На територијата на Тетово пријавени се вкупно 490 лица а нивната класификација се уште не е направена..сега комисијата ќе ја процени и верификува документацијата, а потоа ќе излезе на терен да ги провери фактите“, рече Бесарта Рамадани- портпаролка на општина Тетово.

Голема штета е забележана и во општина Желино. Дождовите и градот оштетија ниви со земјоделски култури, куќи, но и автомобили.

„До денес имаме 140 пријави а денеска е крајниот рок за поднесување. Во понеделник комисијата ќе излезе на терен за да ја провери состојбата. Имаме пријави за куќи од приватен имот, земјоделско земјиште и оштетени автомобили. Има најразлични штети и има реална состојба, но ќе им помогнеме околу комплетирањето на документацијата и ќе ги доставиме до второто ниво на државната комисија за обесштетување“, рече Јасин Шаќири – општина Желино.

Сѐ уште не е јасно како ќе се обесштетуваат штетите во земјоделството, особено на лицата кои земале земјиште на користење без договор.

Башким Сулејман

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button