ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кој ја испраќа Кацарска во пензија?

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, со образложение дека тоа може да и наштети на постапката, не сака да го коментира писмото испратено до Собранието, каде што информира за пензионирањето на уставната судијка Добрила Кацарска. Во неформален разговор со новинарот на Алсат, Дамева рече дека откако ќе се расчисти процедурата, подготвена е да преземе одговорност за секоја своја постапка. Во писмото испратено до Собранието, кое е потпишано од Дамева, се наведува дека судијката Кацарска заминала во пензија на 30.06.2022 година, и нема право да ја врши функцијата уставен судија ,

Advertisements

Судски совет:

„Имајќи го предвид горенаведеното, а по одобрувањето на последната одлука со која беше суспендиран мандатот на членот на Советот, соодветно е да ве известам, поради вашето известување и евентуално понатамошно постапување во врска со мандатот на назначениот судија“.

Поинаков став има претседателот на Уставниот суд, кој вели дека не треба да има паралела меѓу мандатот на уставен судија и член на Судскиот совет.

Прашањето за вршење на функцијата уставен судија е уредено со член 111 став 4 од Уставот, кој, сепак, не предвидува престанок на мандатот поради исполнување на условите за пензионирање.

Устав на РСМ, член 114, став 4:

„На судијата на Уставниот суд му престанува функцијата доколку поднесе оставка. Судијата на Уставниот суд ќе биде разрешен од функцијата доколку е осуден за кривично дело со безусловна затворска казна од најмалку шест месеци или кога трајно ќе ја загуби способноста за вршење на функцијата, што ја верификува Уставниот суд“.

Престанокот на мандатот на уставниот судија поради исполнување на условите за пензионирање не е практика. Впрочем, под овие околности, на судијката Кацарска ќе требаше да и престане мандатот на 30 јуни 2022 година додека ја извршуваше функцијата претседател на Уставниот суд. Пред да стане уставен судија, Кацарска работеше како судија во Кривичниот суд Скопје. Таа ги судеше предметите „Тенк“ и изрече пресуда на екс премиерот Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, го судеше и предметот за нападот од 27 април. Таа честопат беше мета на критики од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја обвинуваа дека станала уставен судија,  како награда за изречените пресуди против функционерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button