
Шпанија драматично ја доби четвртфиналната пресметка со Германија на ЕП 2024. „Црвената фурија“ победи со 2-1 со гол во финишот на судиското продолжение.
Ситуацијата, која долго ќе се коментира, сепак, беше при недосудениот пенал на судијата Ентони Тејлор во корист на Германија за играње со рака на Марк Кукуреља.
Аналитичарот на „ЕСПН“, Дејл Џонсон, објасни зошто одлуката на англискиот судија била правилна, бидејќи тој строго ги следел упатствата на УЕФА пред почетокот на турнирот.
„На брифингот пред турнирот, УЕФА им даде јасни инструкции на судиите кога да досудат пенали за игра со рака, објаснувајќи зошто не треба да се досуди пенал во ситуации како онаа со Марк Кукуреља. Кога раката е блиску до телото и поставена надолу вертикално, а таа е зад телото, тоа не е пенал“, истакна Џонсон./Makfudbal.mk/