Земјоделците немаат големи очекувања од приносот
Земјоделците немаат големи очекувања од приносот

Започна овогодинешната жетва на пченицата. Иако очекувањата од земјоделците беа многу големи, резултатот е мал. Речиси нема бериќет, велат земјоделците, особено во повеќето делови каде дождот го уништи родот, вклучувајќи ја и пченицата.
Земјоделците се жалат на недостиг на помош од државата.
„За едните има субвенции за пченицата, а за другите не. Имаме нива под кирија, а не ни даваат субвенции затоа што не се наши ниви. Немаат ни субвенции за млеко од 2021 година, не ни дадоа ниту за овците, но си тераме колку што можеме“, рече Газменд Сејдиу – земјоделец.
Најголем дел од земјоделците велат дека ќе се откажат од земјоделството,поради недостиг на помош од државата, недостиг на работници. Според нив, во последно време егзистенцијата не може да се обезбеди на нива.
„Воопшто немаме работници, работам со син ми и едно момче од селото. Како семејство се бориме. Мислам дека нема да продолжам повеќе да се занимавам со земјоделство бидејќи ѓубривата се скапи, вреќите се скапи, нафтата е скапа и деловите за возила се скапи и не се покриени ниту проценката ниту трошоците. Јас работам 45 години, но мојот 17-годишен син нема да ја продолжи оваа работа, бидејќи на крај не ни излегува есапот“, додаде Газменд Сејдиу – земјоделец.
Во подрачната единица на Министерството за земјоделство велат дека посевите во однос на лани се речиси исти, но производството поради лошото време годинава ќе биде многу послабо.
„Ако се пресмета времето, сме имале многу дожд, а тоа влијаеше на намалување на приносот. Ако имавме 3500-4000 килограми пченица по хектар, годинава со неодамнешните врнежи и штетите од градот, приносот ќе биде многу помал или до 3500 килограми по хектар. Во некои делови каде што немало град, приносот ќе биде меѓу 3500 и 4700 килограми по хектар“, изјави Африм Сејрани. Раководител на Подрачна единица на Министерството за земјоделство.
Како резултат на штетите на посевите од дожд и градот, со посебен акцент на пченицата, доматите, компирите и пиперките, годинава очекуваме да имаме повисоки цени на зеленчукот./АЛсат.мк
Башким Сулејмани