
Познати се полуфиналните двојки на Европското првенство во Германија. Холандија ќе игра против Англија, која на пенали ја елиминираше Швајцарија. Тој натпревар е закажан за в среда од 21:00 часот. Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Шпанија и Франција, кои ќе играат во вторник од 21:00 часот. На Европските првенства не се игра натпревар за третото место, туку само финалето. Тоа е закажано за седум дена.
Сепак, многумина се разочарани од квалитетот на фудбалот на овој турнир. Еден од нив е италијанскиот новинар Карло Гарганезе, уредник и подкастер кој најмногу се занимава со англиски и европски фудбал. На својот Твитер профил, тој напиша:
„Ова Европско првенство е со најлошиот квалитет од сите Европски и Светски првенства во мојот живот. Сите големи тимови освен Шпанија и Германија беа невидливи.
Каде се супер-ѕвездите, напаѓачите и дриблерите?
Фудбалот е во голем пад во последните дваесет години. Играчите (роботите) се физички поподготвени и тоа е тоа“, рече Гарганезе.