СПОРТФУДБАЛ

Ѕвездата на Колумбија впиша нов рекорд на Копа Америка

Како и Европското Првенство, така и Копа Америка влегува во завршна фаза и закажани се полуфиналните натпревари, а во четвртфиналето се истакна Хамес Родригез кој постави нов рекорд во ова натпреварување.

Advertisements

Со резултат 5-0, Колумбија беше подобра од Панама, а Хамес блесна со еден гол и две асистенции. Имено, „десетката“ на Колумбија е првиот играч кој учествувал во три гола во првото полувреме на еден натпревар од Копа Америка.

Хамес Родригез досега на Копа Америка има еден гол и пет асистенции, со што ја предводи Колумбија во полуфиналето на натпреварувањето. За овој играч важи тврдењето дека „пропаднал“ со оглед на тоа дека има само 32 години, а од дресот на Реал Мадрид стигна до Сао Паоло во Бразил./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button