СПОРТ

Фејт Кипјегон со нов светски рекорд на 1.500 метри

Двократната олимписка шампионка, кениската атлетичарка Фејт Кипјегон, го подобри својот светски рекорд на 1.500 метри на митингот од Дијамантската лига во Париз.

Advertisements

Двократната актуелна светска шампионка победи со резултат 3:49.04 минути и го собори сопствениот светски рекорд. Таа го постави претходниот светски рекорд од 3:49.11 минути во јуни минатата година.

Кипјегон пред овој настап истрча само двапати, на 1.500 и 5.000 метри поради проблеми со мускулите, а кон средината на јуни на националното првенство го потврди учеството на Олимписките игри во Париз.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button