ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нелегалната трговија со културни добра е глобален проблем, но потребна е и силна регионална соработка

На археолошките локалитети во земјава често има обиди за незаконско истражување, ископување без дозвола, криење на културни артефакти и нелегална продажба или трговија со нив во странство. Поранешната обвинителка за организиран криминал и корупција, Маја Куновска, вели дека ваквите дејствија најчесто ги вршат организирани групи, а во најголем број случаи соработуваат со претставници од странство.

Advertisements

Министерот за култура и туризам рече дека нелегалната трговија со културни добра е глобален проблем и бара глобален одговор, но за борба против неа потребна е и силна регионална соработка.
Зоран Љутков, министер за култура и туризам

„Криминалот против културните артефакти е кривично дело. Бидејќи ова е многу специфичен криминал, исто така бара специјализирано знаење и експертиза. Полицијата има клучна улога, но многу е важно полицијата да има оддел кој е специјализиран за криминал против културни артефакти“, рече Матео Росати, Регионално биро за наука и култура на УНЕСКО.

Во полседните 13 години, во Македонија се фатени 5 организирани криминални групи кои вршеле кривични дела со културното наследство, а само две од нив се веќе легално завршени./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button