
Од денеска до четврток во Вашингтон се одржува самитот на НАТО по повод одбележување на 75 години од формирањето на воената алијанса. Главни теми на годинашниот НАТО-самит се обезбедување сигурна и стабилна поддршка за Украина, плановите за одвраќање на членките на Пактот и зајакнување на одбранбената индустрија и инвестициите и зацврстувањето на глобалните партнерства.
На самитот учество зема и македонска државна делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Во составот на делегацијата се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
На маргините на самитот, како што изјави премиерот, предвидени се бројни билатерални средби.