
Фудбалерите на Струга Трим Љум отпатуваа на гостувањето кај Слован Братислава, ривалот во првото квалификациско коло за Лигата на Шампионите.
Избраниците на Ќатип Османи од охридскиот аеродром летнаа кон Словачка за утрешниот натпревар. Стружани патуваат на мегдан кај фаворитот со надеж за добра претстава и позитивен резултат.
Слован ќе ја дочека Струга на стадионот „Техелне поле“ во Братислава. Средбата се игра в среда во терминот од 19:00 часот.