ВЕСТИСВЕТ

Мумифицирано тело на планинар пронајдено 22 години по исчезнувањето

Сочуваното тело на американски планинар кој исчезнал пред 22 години додека се искачувал на планински врв во Перу е пронајдено по топењето на мразот предизвикано од климатските промени, соопшти денеска полицијата.

Advertisements

Вилијам Стампфл беше пријавен за исчезнат во јуни 2002 година на 59-годишна возраст, кога лавина ја затрупа неговата група алпинисти на планината Хуаскаран, висока повеќе од 6.700 метри. Пребарувањето не даде резултати.

Перуанската полиција соопшти дека неговите останки биле откриени на планинскиот венец Бела Кордилера на Андите.

Телото на Стампфл, како и неговата облека, појасот и чизмите, се добро сочувани од студот, а меѓу работите е пронајден и неговиот пасош, што ѝ овозможило на полицијата да го идентификува телото.

Планините во североисточниот дел на Перу, дом на врвовите покриени со снег како Хуаскаран и Кашан, се омилени меѓу планинарите од целиот свет.

Во мај таму беше пронајдено тело на израелски планинар, речиси еден месец откако исчезна.

Минатиот месец искусен италијански планинар беше пронајден мртов откако падна додека се обидуваше да се искачи на друг врв на Андите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button