ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трагедија во Скопје, човек прегазен од воз на надвозникот кај Лисиче

Maж на околу педесет години вчеравечер почина по удар од воз на железничката пруга пред надвозникот на булевар „Србија“ во Скопје. Тој бил удрен од возот кој сообраќал од Скопје кон Битола.

Advertisements

Според соопштението за несреќата испратено од Министерството за внатрешни работи (МВР), мажот починал на самото место, а смртта ја констатирал од лекар од Итната медицинска помош.

Случајот во СВР Скопје бил пријавен вчера во 20:20 часот, a полициска увидна екипа извршила увид на местото на несреќата. Се преземаат мерки за  расчистување на случајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button