ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: „Ако сакаме правда, мора да се уништи коалицијата меѓу некои политичари, судии, обвинители и бизнис елитата“

Мицкоски: „Ако сакаме правда, мора да се уништи коалицијата меѓу некои политичари, судии, обвинители и бизнис елитата“

Ако сакаме правда, мора да се уништи коалицијата меѓу некои политичари, судии, обвинители и бизнис елитата. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски кој одржа предавање на Универзитетот Џон Хопкинс во САД.

Advertisements

Премиерот кажа дека од самиот почеток тргнал со идејата за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, затоа што тие две институции имаат само 2 отсти доверба меѓу граѓаните.
Според соопштението на Владата, првиот човек на извршната власт изјавил дека во земјава има експерти кои се против оваа идеја, но не нудат друго решение. Тој изјави дека ќе се бори за своите позиции, а подготвен е да се соочи и со експертите.

Додека Мицкоски е во конфликт со дел од амбасадорите и експертите, не штедеше критики за членовите на Советот, коj пред неколку дена им порача дека треба да се срамат што земаат плати и уживаат само 2% доверба од граѓаните.

Во програмата пишува дека Владата ќе иницира и измени на Уставот во делот на регулирање на составот на советите при што ќе се бара членовите да се избираат од редот на судиите и обвинителите.
Реформите во судството,владата вети дека ќе ги направи преку донесување на новите закони за кривична постапка, за судии и обвинители, но и со донесување на новиот Кривичен законик. Во меѓувреме, одговорност ќе се бара и за судиите и обвинителите кои се разрешени поради неодговорно работење./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button