ВЕСТИРЕГИОН

Од денеска патарините во Србија поскапуваат за 10 насто

Патарините во Србија од полноќ поскапуваат за 10 отсто, врз основа на новиот ценовник на „Путеви Србије“ кој е одобрен од српската влада.

Advertisements

Според ценовникот објавен на веб-страницата на „Путеви Србије“, патарината за автомобилите од Белград до Врање ќе се плаќа 1 700 динари. Автомобилите што од Прешево ќе одат до Врање, за патарина ќе плаќаат 200 динари, а до Ниш (исток) таа ќе чини 830 динари. Од Прешево до Бујановац (југ) патарината ќе чини 110 динари.

За патарина од Белград до Шид ќе се плаќа 500 динари. Патарината од Обреновац до Прељина ќе чини 560 динари, додека патот од Белград до Суботица ќе поскапи за 70 динари и ќе чини 800 наместо досегашните 730 динари.

Новата патарина од Белград до Ниш (југ) ќе поскапи на 1 130 или за 110 динари, а од Белград до Димитровград за 160 динари и наместо 1 510 возачите ќе плаќаат 1 670 динари.

Од Белград до Баточина патарините ќе поскапат за 50 динари, така што новата цена ќе биде 500 динари.

Министерот Горан Весиќ рече дека парите од поскапувањето на патарините се користат за финансирање на одржувањето на патиштата, кои мора да бидат конкурентни бидејќи Србија е транзитна земја и додаде дека очекува државата оваа година да заработи од 48 до 50 милијарди динари од наплата на патарина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button