
Додека температурата достигна скоро 40 Целзиусови степени, Скопје се гуши во ѓубре. Околу контејнерите веќе се создадени депонии каде освен отпадоци од храна, се фрли мебел, врати, прозорци, автомобилски гуми, шут. Граѓаните велат дека смрдеата станува неподнослива, поради што многумина велат дека не можат да ги отворат прозорците прозорците.
„Навистина, ова е жално, не знам што прави комуналната хигиена. Доаѓа лош мирис, особено од лубеницата и другите дрвја, многу лош мирис“, рече еден грѓанин.
Граѓаните велат дека не се чистат ниту улиците сомвода. Други за состојбата со отпадот велат дека е резултат на невниманието на граѓаните, а не само на јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Граѓаните бараат да се изрекуваат казни од надлежните институции.
„И ние сме невнимателни, тие од комунална хигиена не се на ниво на задачата. Да имаше држава треба да има казни, но бидејќи нема, нема казни. Поради топлото време има лош мирис. Некогаш чистеа со цистерна, сега со години цистерна немам видено. Кога било жешко порано цистерните чистеа, сега не“, додаде друг граѓанин.
Општините Чаир, Бутел и Кисела Вода веќе јавно ја обвинија комунална хигиена дека нередовно го собира отпадот во овие општини. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информира дека против Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е поднесена прекршочна пријава поради ненавремено и нередовно собирање на отпадот во Општината. Од комунална хигиена велат дека собирањето смет се врши редовно./Алсат.мк
Мелихате Рустеми