ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Функцијата уставен судија не престанува по основ на остварување старосна пензија

Функцијата уставен судија не престанува по основ на остварување старосна пензија, изјави денеска портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска.

Advertisements

Судиите констатираа дека во 60-те години постоење на Уставниот суд нема ниту еден случај каде што судија добил престанок поради остварување право на пензија.

согласно членот 111 од Уставот, јасно се определени условите за престанок на функцијата на уставен судија и оттука станува јасно дека единствен надлежен орган да одлучува за престанок на судија на Уставен суд е самиот Уставен суд.

Член 111, став 4 од Уставот:

„На судија на Уставниот суд функцијата му престанува ако поднесе оставка. Судијата на Уставниот суд ќе биде разрешен од должноста ако биде осуден за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или кога трајно ќе ја загуби способноста да ја врши својата функција, што го утврдува Уставниот суд“.

За писмото испратено до Собранието, Алсат стапи во контакт со првиот човек на Судскиот совет, Весна Дамева, која не сакаше да коментира, оценувајќи дека тоа може да ја наруши постапката.

Инаку, пред да стане уставен судија, Кацарска работеше како судија во Кривичниот суд Скопје. Меѓу најжешките случаи на кои работеше е „Тенк“ во кој беа осудени поранешниот премиер Никола Груевски и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Кацарска ќе остане запаметена и по случајот од 27 април, каде што им изрече казна на обвинетите за нападот на Собранието на 27 април 2017.

Токму за овие предмети, ВМРО ДПМНЕ додека беше во опозиција беше остар критичар на Кацарска. Дури, според нив, Кацарска стана и уставен судија, токму како награда за изречените пресуди против функционерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button