ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Зголемен број колапси во Скопје поради високите температури

Итната медицинска помош овие денови, поради топлото време, имала зголемен број интервенции при колапси на јавни места.

Advertisements

Од Итната помош информираат дека во текот на денот добивале пријави за околу десетина колапси.

„Колабираат и помлади и повозрасни граѓани. Дневно имаме пријави за околу десетина колапси. Дали во автобус, дали на работно место“, вели во изјава за МИА доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во Итната медицинска помош во Скопје.

Според него, овие денови имале и пораст на повици од лица кои телефонски барале совети.

Претседателката на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова-Дервишова вели дека поради топлото време, деновиве само во нејзината ординација биле однесени две лица со инфаркт.

„Забележително е дека луѓето имаат проблеми, особено оние со хронични заболувања. Нашите апели се да не се движат по горештините, сите обврски да ги завршуваат во раните утрински часови. Препорачуваме многу лесна храна, да се избегнува јадење количински во топлите часови. Граѓаните да внесуваат многу течности преку ден“, вели Чолакова-Дервишова за МИА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button