Мицкоски: Долго време бевме заложници на минатото, да се фокусираме на иднината

Долго време регионот и Македонија како држава беа заложници на минатото. Потребно е да се фокусираме на иднината и она кое што следи со иднината. Да ја направиме Македонија повторно горда, но и да го направиме Балканот повторно горд. Да бидеме добри соседи, да се разбираме и да соработуваме. Тоа е она кое што го очекуваат граѓаните од нас, и тоа е она на кое што јас како претседател на Владата ќе бидам фокусиран во годините кои што следат, изјави премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон.
Мицкоски, кој во Вашингтон присуствува на НАТО Самитот по повод 75 години од формирање на Алијансата, информираше дека денеска разговарал со црногорскиот премиер, хрватскиот претседател, унгарскиот премиер, а ја издвои и средбата со соседите, бугарскиот и албанскиот премиер.