ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДКСК отвори предмет за постапката за именување заменик директор во Агенцијата за разузнавање

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за постапката за именување заменик директор во Агенцијата за разузнавање. Ивана Стојановска на 28 јуни со одлука на претседателката Гордана Силјановска- Давкова е именувана за заменик директорка на разузнавање. Антикорупциска не посочува од кого доаѓа пријавата или  постапува по службена должност, но она што вчера беше кажано од првиот човек на ова тело е дека постапката се однесува на неисполнување на условите за именување на Стојановска за втор човек на тајната служба која е под ингеренции на претседателот.

Advertisements

Стојановска е вработена во Агенцијата за разузнавање на 17 октомври 2016 година, прво како раководител на одделение а потоа како раководител на сектор. Во моментов има 7 години и 9 месеци искуство во Агенцијата. Законот вели поинаку. Во членот 9 од Законот за Агенцијата за разузнавање, ставот кој се однесува на условите за именување заменик директор вели: „најмалку 10 години работно искуство во областа на безбедноста, одбраната или надворешната политика, од кои 5 години на  раководна позиција во Агенцијата“.

Со стажот, Стојановска не ги исполнува условите, но од кабинетот на претседателката Силјановска се повикуваат на нејзиното искуство во ИТ секторот, докторат и работно искуство во областа на сајбер безбедноста, вклучително и ангажман на Факултетот за безбедност и детективи, и тврдат дека Стојановска ги исполнува условите за заменик директорка на Разузнавање. Името на Стојановска е меѓу ангажираните соработници и научниот кадар на Факултетот за безбедност на ФОН.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button