МВР побара Антикорупциска да испита дејствија на заменик министерот за внатрешни работи

МВР побара од Комисијата за спречување на корупцијата да ги испита прекршувањата на Законот за спречување на корупцијата и Изборниот законик од страна на заменик министерот за внатрешни работи. Барањето е поврзано со решенија за вработување и отворање конкурси, но од антикорупциска не посочуваат дали се однесуваат на заменик-министер или на дополнителниот заменик министер за време на техничката влада. Барањето доаѓа врз основа на одлуката на Владата одобрена на 28 јуни.
Заклучок на Владата број 5581/1 од 28.06.2024:
„Работодавачите од јавниот сектор и трговските здруженија во државна сопственост се должни да ги прекинат постапките за вработување на неопределено време и унапредувања врз основа на позитивни информации за обезбедување финансиски средства од Министерството за финансии за 2024 година во периодот до 14.02.2024 година кои беа обработени на 24 јуни и по 24 јуни 2024 година“.
Изборниот законик забранува вработувања или разрешувања од денот на распишување на изборите за претседател, пратеник или градоначалник на општини до денот на потврдување на резултатите.
Изборен законик, член 8-а:
„Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на изборите до завршувањето на изборите за претседател, пратеници во Собранието, Владата, вклучително и денот на распишувањето на изборите и заверувањето на резултатите за градоначалници и членови на советите на општините не може да се започне постапка за вработување или постапка за отпуштање од работа во државни и јавни установи, а започнатите постапки се прекинуваат освен во итни и неопходни случаи“.
Претходно, од Кабинетот на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопштија дека започнале постапка за оценување на законитоста на решенијата за вработување и отворените конкурси во времето по распишувањето на парламентарните и претседателските избори, решенија кои со согласност од Министерството за финансии, беа процесирани од 24 јуни наваму.
Адриан Керими