МАКЕДОНИЈА

Обвинителен акт против седум лица за злоупотреба на службена положба и овластување

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, поднесе Oбвинителен акт против седум лица за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

Advertisements

По спроведената истражна постапка, предметниот обвинител утврди дека во временскиот период од август 2011 година до декември 2012 година, обвинетите З.Т. како одговорно лице – Претседател на Тениско спортско здружение Љуботен Тетово и Ц.Н. како одговорно лице – Управител во правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, со умисла ги поттикнале обвинетите А.Н. како лице кое врши работи од јавен интерес и службените лица Џ.А., И.К., К.И. и И.Р. со искористување и неизвршување на нивната службена положба и овластување, со умисла да прибават значителна имотна корист за правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, а на штета на средствата на државата – сопственост на градежно земјиште, во вредост од 22.050.000 денари.

Со дејствијата опишани во обвинителниот акт обвинетите овозможиле, противправно, правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште со површина од 4.410 м2, откупувајќи го по цена од 43 денари за 1 м2 односно вкупно за 188.307 денари, а на штета на средствата на државата.​​

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button