ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицотакис: На официјалните средби се користеше уставното име

Премиерот Христијан Мицкоски на официјалните средби со  лидерите на самитот на НАТО го употреби уставното име на државата – изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на прес-конференција со грчките новинари присутни на Самитот на НАТО во Вашингтон.

Advertisements

Мицотакис изјави дека на високо ниво тој искажал загриженост за непочитување на Договорот од Преспа, бидејќи Мицкоски не ги спроведувал главните одредби од договорот околу ерга омнес.

„Сакам да нагласам дека во салата и во присуство на сите лидери на НАТО, тој не ја следеше таа практика и го користеше уставното име на својата земја“, рече Мицотакис.

Мицотакис беше запрашан дали ќе го искористи правото да покрене специјалната постапка доколку договорот не се почитува, но рече дека нема да ги открие идните чекори.  Тој смета дека владата на Мицкоски ќе сфати дека оваа тактика е контрапродуктивна.

Глас на Америка побара став и од Стејт департментот за преспанскиот договор.

Стејт департмент на САД:

„Договорот од Преспа беше историско достигнување во отклучувањето на безбедносните придобивки во Јужна и Источна Европа. Соединетите Држави го поддржуваат овој витален договор, ја повторуваат важноста од негово почитување и ќе работат со сите страни за да ги зачуваат неговите придобивки“.

По завршување на самитот на НАТО во Вашингтон, македонската делегација продолжи со активностите во Њујорк.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button