ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Со заемот Македонија под заложништво на Унгарија

Половина милијарда евра што Македонија ги позајми од Унгарија не се ништо повеќе од ставање на државата во заложништво на Унгарија- вели новиот лидер на СДСМ Венко Филипче, коментирајќи го заемот што го најави премиерот Мицкоски. За опозицијата и овој заем ја покажува геостратешката определба на државата.

Advertisements

И експертите го делат сомнеж за потеклото на парите, алудирајќи на можна поврзаност со поранешниот премиер Груевски.

„Можеме слободно да кажеме дека задолжувањето од друга влада дава многу сомнежи и за дискусија е кога станува збор за влада како Унгарија, која како членка на ЕУ е доста проблематична. Некако беше најавено пред да се создаде новата влада, дека ваквото задолжување ќе има и политички влијанија, уште повеќе кога се знае дека во таа земја е и поранешниот македонски премиер во азил“, рече Насир Селими, универзитетски професор.

Според досегашните податоци кои премиерот Мицкоски ги обелодени, овој договор за заем од половина милијарда евра ќе значи финансиска стабилност на македонската економија: 250 милиони евра ќе бидат искористени како поддршка за економијата на државата, а уште 250 милиони евра ќе бидат наменети за општински инфраструктурни инвестициски проекти. Заемот ќе биде со каматна стапка од 3,25 отсто, 3 години грејс период и 12 години рок на отплата, што значи вкупно 15 години. Во моментов, министерствата за финансии на двете земји ги започнаа процедурите за реализацијата на заемот.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button