ВЕСТИСВЕТ

Трамп од Пенсилванија ќе го најави потпретседателскиот кандидат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе има шанса на 13 јули да го претстави својот потпретседателски избор на митингот пред да започне Националната конвенција на Републиканците во Милвоки следната недела.

Advertisements

Митингот на Трамп во Пенсилванија, на шоуто на фармата Батлер надвор од Питсбург, на поранешната реалити ТВ ѕвезда, има за цел да се привлече интересот на јавноста со максимално внимание.

Во изминатиот период Трамп се држеше подалеку од центарот на вниманието, затоа што телевизиските рефлектори беа насочени кон Демократската партија која беше зафарена со кампањата за реизбор на претседателот Џо Бајден но и со делумна криза поради лошата дебата што предизвика повици да се повлече.

Трамп во последниве денови јасно стави до знаење дека неговиот заменик односно кандидат за потпретседател сака и планира драматично да го открие во живо на конвенцијата – нешто што поранешниот претседател опседнат со рејтингот, рече дека ќе ја направи постапката по „интересна“ и „повозбудлива“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button